Услуги и поддршка
Во CodEx Computers, нашата посветеност на успехот на клиентите не завршува со развојот на иновативни софтверски решенија.
Комплетен спектар на услуги за успешна имплементација, континуирано работење и максимално искористување на софтверските решенија

Развој на прилагодени софтверски решенија
Свесни сме дека секоја организација има различни потреби, затоа тесно соработуваме со клиентите при дизајнирање и развој на софтверски решенија целосно усогласени со нивните цели и начинот на работа. Без разлика дали ви се потребни измени на постоечки софтвер или развој на целосно ново решение, нашиот тим од експерти е подготвен да ви помогне.

Услуги за имплементација
При инсталацијата и конфигурацијата применуваме целосен пристап, со цел решението правилно да се вклопи во вашата постоечка ИТ инфраструктура.
Прилагодена инсталација
Инсталацијата на нашите софтверски системи ја приспособуваме на вашата постоечка ИТ инфраструктура, со минимално влијание врз тековното работење и оптимална интеграција. Нашата цел е преминот кон новото решение да биде што е можно поедноставен, за да можете веднаш да ги искористите неговите придобивки.
Конфигурација на системот
Нашите експерти соработуваат со вашиот тим при конфигурирањето на софтверот според конкретните оперативни потреби. Со приспособување на системот кон вашите работни процеси, овозможуваме поголема ефикасност и продуктивност и максимално искористување на можностите што ги нуди технологијата.

Поддршка и одржување
Нашите услуги за поддршка и одржување ви обезбедуваат сигурност дека стручна помош е достапна кога ви е потребна.
Техничка поддршка
Нашиот тим за поддршка е достапен 8/5 за помош при технички проблеми. Се грижиме вашите системи да работат стабилно и непречено, обезбедувајќи брзо и ефикасно решавање на проблемите што можат да се појават во текот на работењето.
Одржување и надградби
Редовното одржување и надградување овозможува вашите софтверски решенија да бидат усогласени со најновите функционалности и безбедносни стандарди. На овој начин се обезбедува долгорочна сигурност на системите и нивно оптимално работење.

Услуги за обука
Нашите програми за обука се создадени за вработените да ги стекнат потребните знаења и вештини за ефикасно користење на нашите продукти и максимално искористување на нивните можности.
Обука на лице место
Организираме обуки прилагодени на потребите на клиентот директно во неговите простории. Практичниот пристап им овозможува на вработените полесно да ги совладаат функционалностите и сигурно да ги користат нашите решенија во секојдневното работење.
Онлајн обуки
Организираме онлајн обуки и вебинари кои овозможуваат континуирано усовршување и поддршка при користењето на нашите продукти. Овие сесии им помагаат на корисниците да бидат во тек со новите функционалности и препорачаните начини на користење.

Консултантски услуги
Без разлика дали ви е потребно стратешко ИТ советување или помош при оптимизација на деловните процеси, нашите искусни консултанти обезбедуваат препораки и насоки прилагодени на вашите потреби.
Стратешко ИТ советување
Со комбинација од технолошка експертиза и познавање на различни индустрии, развиваме ИТ стратегии усогласени со вашите деловни цели. Нашите консултанти соработуваат со вашиот тим при дефинирање на долгорочен план со кој технологијата ќе го поддржи понатамошниот развој на организацијата.
Оптимизација на процесите
Нашите консултанти ги анализираат постојните деловни процеси и предлагаат подобрувања кои можат да се реализираат преку нашите софтверски решенија. Со оптимизација на работните процеси помагаме да се зголеми оперативната ефикасност и да се постигнат подобри деловни резултати.
Подготвени сте да го унапредите вашето работење?
Контактирајте нè и дознајте како можеме да ги прилагодиме нашите решенија на вашите потреби и да придонесеме за поефикасно и поуспешно работење на вашата организација.